речник контакт

Фатени на дело четворица крадци како од фабриката ХИВ изнесуваат предмети

Лицата краделе од Машинcката работилница

Петар Печков

Понеделникот доцна попладне фатени се на дело група крадци, како носат украдени предмети од поранешната фабрика ХИВ. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 1 јули  во 19.20 часот во поранешна фабрика во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Ш.Н.(32 год), Б.Д.(47 год), А.Р.(21 год), сите од Штип и Е.К.(35 год) од Тетово. Тие биле затекнати при вршење на кривично дело „тешка кражба“ во машинска работилница во фабриката. Четирите лица биле задржани во полициска станица“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

За кражбата  известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против четворицата  ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »