речник контакт

Фатени разбојниците кои ги нападнаа африканците

Еден во притвор друг во бегство

Петар Печков

Велешката полиција ги откри сторителите на разбојништвото кога беа нападнати  група од седуммина африкански илегалци.  А.К. (26 год)  доби притвор од 30 дена, додека В.А. ( 54 год) е во бегство а доколку биде фатен и нему му е одреден мерката притвор, додека С.К. ( 21 год)  како помагател има обврска да се јавува во велешкиот суд. Сите тројца се од Велес.

Двајцата првообвинети во понеделникот вечерта околу 19,30 часот  според нивни информации знаеле дека на селскиот пат Мамутчево – Иванковци ќе има група на илегалци од   Африка, заминале со автомобил ,,матис,, со велешки регистарски таблички, ги нашле како скитаат  во тој непознат крај и ги нападнале. 

При тоа едниот од нив со закана од нож под грло на еден од бегалците  им побарал пари. Преплашените илегалци ги собрале сите пари што ги имаат 1.100 евра  и ги предале на разбојниците по што со автомобилот  избегале. Полицијата вчера ги пронашла, им поднела кривични пријави за разбојништво.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »