Петар Печков
Објавено: вторник, 22 јули 2008
Пет претстави од кои две вон конкуренција ќе учестуваат на седмиот меѓународен Фестивал на античка драма „Стоби 2008“ кој ќе се одржи од 24-ти до 30-ти јули. Организаторот најавува квалитетна програма, а за завршувањето на фестивалот е предвидена најдобрата македонска претстава од минатогодишната продукција „Бегалка“ на штипскиот театар.
Публиката годинава ќе види три претстави во конкуренција за наградите „Афродита“ и сите три се квалитетни и наградувани од земјите од каде доаѓаат. Неколку дена пред почетокот откажаа гостите од Србија, така што ова е понудата за годинава. Таа е во рамките на лимитираниот Буџет на Фестивалот кој изнесува 1,2 милиони денари – изјави директорот на ФАД Драган Миладиновски. Според програмата во конкуренција ќе учестуваат Театарот „Город“ од Долгопрудниј – Московска област Русија со претставата „Лисицата и грозјето“ од Езоп, потоа „Лисистрата“ од Аристофан на театарот ,,Кабакч?ев,, од Казанлак –Бугарија и ,,Засекогаш љубов,, работена по текст на Григор Прличев а во копродукција на Скрб и утеха и велешкиот театар ЈХ Џинот. За повторно оживување на античкиот театар во локалитетот Стоби ќе се погрижи и претставата „Филип II“ на Петар Темелковски која е вон конкуренција, а за отварањето предвиден е концерт на етно групата „Љубојна“. Сите престави започнуваат во 21 часот а обезбеден е бесплатен превоз и бесплатен влез за посетителите. Органзиаторот верува дека како и минатите години театарот во Стоби ќе биде преполн, бидејќи интерес за фестивалот освен од Велес, има и од соседните Кавадарци, Неготино, Росоман и Градско. Трочленото жиро во состав Јоана Попоска, Зоја Бузалковска и Ивица Џепароски ќе додели четири награди Гран При за најдобра претстава во целост и три поединечни „Афродитa“ за режија, за женска и машка актерска улога.

Tweet |