Петар Печков
Објавено: вторник, 03 јули 2018
Годинашниот Фестивал на античка драма ,,Стоби,, ќе започне на 19-ти јули, најави градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски. Што се однесува до програмата и содржините за тоа ќе зборуваат на наменска прес конференција. Чекаат дозвола фестивалот да се одржи во античкиот театар на локалитетот Стоби.
Во петокот заедно со организациониот одбор и вработени од повеќе сектори од локалната власт бевме да го посетиме локалитетот. Согласност од раководството на локалитетот имаме, но писмено се обративме до Националниот конзерваториски центар - рече Коцевски.
Претходно тој најави дека во текот на Фестивалот годинава ќе плови и Вардарската регата. Неофицијално на фестивалот ќе учествуваат пет претстави, од кои четири се во натпреварувачка конкуренција а ќе има и две во придружна програма.
Tweet |