Петар Печков
Објавено: среда, 04 јули 2012
Фидначо Цековски е в.д. директор на ЈКП Дервен, одлучил градоначалникот Петров. Тој оваа функција ќе ја извршува се до именувањето на директор а најдоцна во наредните шест месеци. За В.Д. директор се именува некој од вработените а Цековски е меѓу кандидатите и за директор на ова јавно претпријатие.
Ова именување доаѓа по оставката која претходниот директор Сашко Крстевски си ја поднесе по бранот на промени од страна на владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Градоначалникот следниот период освен што ќе треба да го иманува директор на ЈКП Дервен, ќе треба да ги именува и директорите на основите училишта Блаже Конески, Јордан Хаџи Константинов Џинот, Стојан Бурчевски Буридан и на средното економско училиште Јовче Тесличков.
За директор на ЈКЈП Дервен конкурирале овие шест лица;
Златко Пљаков, Љубомир Ракиџиев, Бранислав Михајловски, Ангел Сараулев, Бобан Пановски и Фиданчо Цековски.
Tweet |