Петар Печков
Објавено: четврток, 24 февруари 2022
Помалку од еден месец беше отворено Физикалното одделение од велешка Болница како ковид центар и истото денес се затвора. Започна со работа на 29-ти јануари, имаше капацитет од 24 кревети.
„Поради намалување на бројот на хоспитализирани пациенти се затвора ковид одделението на Физикална. Пациентите се префрлаат на Инфективно одделение “ -кажа д-р Елена Левкова Ќулумова.
Според последниот утрински извештај од велешката болница, кај нив има згрижено 29 пациенти, 17 беа позитивни а останатите со проблеми од коронавирусот. На кислородна поддршка се 15 лица.
Пациенти кои се позитивни останува да се згрижуваат во Инфективното одделение кое има 54 кревети додека сомнителните случаи во „Б“ крак од Интерното одделение.
Последните четири дена, во велешко има поголем број на оздравени отколку нови заразени со ковид-19, според извештаите на Министерството за здравство. До вчера попладне активни беа 224 случаи.
Tweet |