Петар Печков
Објавено: сабота, 07 ноември 2020
Денес почина велешанец на 79 годишна возраст, кој бил на Инфективното одделение. Според надлежните, лицето во текот на вчерашниот ден бил префрлен од Интерното одделение, каде се лекувал од хипертензија и дијабетес а кај него било потврдено присуство на ковид-19. Тој е 39-та жртва на последиците од корона вирусот.
Портпаролот д-р Весна Николовска Неделкова информираше дека од денес во функција на нов ковид центар е и Физикалното одделение од велешката Болница, каде има 24 кревети. Моментално таму се сместени седум пациенти а дежураат доктори специјализанти, вработени во болницата.
Aнгажирани биле седум специјализанти, тројца специјализанти по интерна медицина, по еден од неврологија, хирургија, ортопедија и рендгенологија. На Инфективното одделение од јули месец во дежурствата биле вклучени четворица интернисти а од овој месец се вклучени уште тројца. Таму работи и др Деспина Зоксимовска специјалист по дерматовенерологија, која е вклучена во работата на ковид одделот.
На Инфективното одделение и физикалното има хоспитализирано 50 пациенти, 49 се потврдено позитивни а еден е сомнителен, се уште не е докажан. Денес биле испишани шест пациенти а 16 пациенти се на кислородна поддршка. На Интерното одделение се хоспитализирани три сомнителни случаи, а една пациентка е со негативно тестови, но има потреба од лекување.
Tweet |