Петар Печков
Објавено: вторник, 27 септември 2022
Во текот на вчерашниот ден, додека полициска екипа и лекарска екипа на Итната помош биле на настан во населба Превалец, каде физички биле нападнати од жител кон кого била пријавата и кој кон нив фрлал цигли. СВР Велес со детали за инцидентот.
„На 26 септември полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Л.Н (59 год) од Велес, затоа што физички нападнал екипа на ИМП Велес и полициски службеници кои вршеле службени дејства. По приведувањето, лицето е пренесено на Нервно одделение за укажување на лекарска помош“ - соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.
„Лицето било крајно агресивно и покрај примената амуларна терапија, бил вознемирен, по што е препратен во Психијатриската болницата во Бардовци“ - соопшти д-р Елена Лефкова Ќулумова, портпарол на Велешка Болница.
Tweet |