речник контакт

Филипче -вработениот од СВР Велес кој бил на увид кај починатата и жената не се поврзани случаи иако имаат ковид-19

Обдукцијата покажала дека Катица и Ванчо Маноилови починале 3 до 5 седмици пред да бидат пронајдени

Петар Печков

Мајката и синот починале три до пет недели, пред да бидат пронајдени починати во нивниот дом, во Велес. Ова го кажа министерот за здравство Венко Филипче на попладневната прес конференција. Со ова  се разбиени дилемите што ќе се случуваше, ако нивната смрт била на почетокот од годинава. 

Според сите анализи, состојбата на телата, амбиенталните  услови, информациите кои ги добија докторите на  Институтот за судска медицина, констатирано е дека смртта настапила три до пет недели  од моментот кога се пронајдени. Тоа значи дека се починати  во месец март, а не како што беше кажано иницијално  на почетокот од годинава.   Согласно тоа нема причина  и интерес  да се прават дополнителни испитувања за ковид-19. Починат човек не може да го пренесе вирусот и затоа е земен подлабоко од трахијалното стебло. Продолжува истрагата за причина на смртта, што не е наш интерес.  Нас ни беше во интерес да видиме кога починале, заради КОВИД-19 - изјави министерот Филипче, откако ги добиле резултатите од извршениот увид на Институтот за судска медицина. 

Катица и Ванчо Маноилови  беа пронајдени мртви во нивниот дом на  6-ти април. Што се однесува до  лицето од СВР Велес кое било на увид  кај починатите мајка и син а   исто така е позитивно на КОВИД-19, Министерот рече дека не се поврзани случаи. 

Полицаецот кој бил на увид носел соодветна опрема, тоа е утврдено  со изјави од повеќе места. Нас жената ни беше интересна за присуството на коронавирусот,  другите работи им се потребни на другите институции - дополни Филипче.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »