Петар Печков
Објавено: вторник, 28 ноември 2006
Васил Зафирчев го толкува Рацин во поетско-играниот филм „Елегија за тебе“, посветен на животот на поетот и револуционер Коста Солев Рацин. Филмот се занимава со животот на Рацин како личност и со неговиот скриен свет.
- Рацин заслужува поинаков третман и однос, од аспект на идеологија и социјална правда. Тоа е еден сегмент од неговиот живот, но ако ги споредите неговите дела „Бели мугри“ и „Антологија на болката“, ќе видите два различни света на еден човек. За мене е провокација да го толкувам Рацин низ оваа призма - вели Зафирчев.
Снимањето на „Елегија за тебе“ почна во минатиот петок, а ќе се снима 15 работни дена, повеќе на отворен простор во Велес. Филмот е во продукција на „Нет студио“ од Велес и најголем дел од парите се од Советот за радиодифузија. Автор и продуцент е Данчо Стефков.
- За Рацин нема игран филм и за мене тоа беше провокација да снимам такво дело. Во него низ три дела - Денови, Тутуноберачите и Картичките - се прикажува дел од животот на поетот. Најголем дел е низ поезија, само во вториот дел има дијалози, но сепак се трудев да има гледлива приказна, но и уметничка вредност - рече Стефков.
Буџетот е 11 илјади евра, времетраењето на филмот 70-ина минути, а освен Зафирчев настапуваат Милица Стојанова, како неговата мајка Марија; Маја Вељковиќ, како музата на Рацин Рахилка Фирфова-Ѓоргова; нејзината другарка Невенка Вујиќ ја игра Зорица Панчиќ, имагинарниот лик на Ленка го толкува Сашка Димитровска, а играат и Слободанка Чичевска и Јордан Витанов. Музиката е дело на Калиопи Букле.
Авторот Стефков изјави дека поголемиот дел од актерите прифатиле да настапат бесплатно и им заблагодари за овој нивен гест. Снимањето на филмот треба да заврши до средината на следниот месец.

Tweet |