Петар Печков
Објавено: четврток, 27 јули 2023
Два нови филма на репертоарот на 3Д киноверузм во Велс.
Првиот е хорор трилерот „Пајажина“ кој ќе биде прикажан четврток и понеделник во вечерниот термин. Кога 8-годишниот Петар се обидува да ги истражи мистериозните звуци кои доаѓаат од внатрешноста на ѕидовите од неговата куќа, тој дознава тајна која неговите родители ја криеле од него.
Втората премиера е на хорор комедијата, производство на Дизни студиото „Дворец на стравот“. Тоа е фамилијарна авантура, за мајка и малолетен син, кои се вселуваат во куќа на периферија каде живат духови. Изнајмуваат истерувач, свештеник и сите заедно низ забава ќе ги држат гледачите два часа во неизвесност.
Двата најгледани филмови измиваниот викенд во светот се пред велешката кино публика и наредната седмица.
„Барби“ филмот за куклата и нејзиниот партнер Кен, но во играна верзија, секој ден до среда во попладневниот термин.
Приказната „Опенхајмер“, за Ј. Роберт Опенхајмер и неговата улога во развивањето на атомската бомба ќе може да се погледне петок и недела во вечерниот термин.
Tweet |