Петар Печков
Објавено: понеделник, 17 ноември 2014
Од вторник и следните два дена, пред велешани ќе биде прикажан новиот македонски игран филм ,,Деца на сонцето,,. Ќе се прикажува во старата зграда на театарот, со почеток од 19 ч. а цената на влезницата е 100 денари.
,,Деца на сонцето,, е суптилна социјална драма со лесни апсурдни ситуации . Еден од главните ликови е Aнгела, млада девојка која барајќи го својот пат, бегајќи од својата фамилија влегува во мафијата, за на крај повторно да и се врати. А пак Mарко, нејзината љубов, не може да излезе од мафијата. Нивната љубов завршува несреќно. филм, кој ја раскажува приказната за едно семејство што ќе се најде во безизлезна положба и на кое се' што му останува е надежта.
Времетраење: 90 мин.
Режисер: Антонио Митриќески
Продуцент: Дејан Милошевски
Монтажа: Андрија Зафрановиќ
Сценарио: Гордан Михиќ
Директор на Фотографија: Јарослав Шода
Музика: Влатко Стефановски
Главни Улоги:
Ивана Пливковиќ, Кире Џотевски, Мето Јованоски, Емир Хаџихафизбеговиќ , Кире Ѓоревски, Владо Јовановски, Билјана Таневска, Милица Стојанова, Данчо Чевревски
Tweet |