Петар Печков
Објавено: четврток, 23 ноември 2023
Заедно со светската премиера, од вечерва, четврток и пред велешани се најде филмот „Наполеон“. Филмот ја раскажува приказната за доаѓањето на Наполеон Бонапарта на власт и за неговиот однос со неговата сопруга Жозефина, за порастот на славата и моќта. Во филмот ги има и битките кај Аустерлиц, Бородино, Ватерло, за Пирамидите во Египет.. Режија и продукција се на Ридли Скот, авторот на Гладијатор, Алиен, Блејд ранер, Ханиубал, Робин Худ. Наполеон го игра Хоакин Феникс.
Втората премиера е на филмот „Соба за убивање “ американски трилер. Во него играат Ума Турман, Џо Манганиело, Маја Хоук, Деби Мазар, Дри Хемингвеј и Семјуел Л. Џексон. Платен убиец, неговиот шеф, трговец со уметнички дела и шема за перење пари што случајно го претвора атентаторот во сензација преку ноќ.
Пред премиерата на продолжениот, потсетување на првиот дел од македонскиот криминалистички игран филм „Најголемата вистина“ . Сериски убиец треба да има најмалку 3 жртви. Зошто има само 2? Или можеби има повеќе? Дали се работи за сериски убиец или е нешто многу поголемо? Ќе успее ли Максим во истрагата во која очигледно е замешан некој од полицијата? Дали се работи за одмазда кон Максим, или Фросина Крстева е случајна мета на убиецот? Дали мафијата е поврзана или некој намерно ја вметнува за да го спречи Максим во истрагата? Сите се сомнителни, некои се осомничени, а само еден е убиец. Или можеби не е еден убиец? Многу напнатост, адреналин, драма, акција и неизвесност до конечниот одговор на прашањето: „Кој и зошто ја уби Фросина, првата жртва”? Или можеби… Не е прва?
Новина е и анимираниот филм од студиото на Дизни „Желба“. Внимавајте што посакувате. Од Дизни ни доаѓа филмот Желба - приказна за една девојка која си замислува желба на ѕвезда што паѓа... Но, планот се менува кога една ѕвездичка што предизвикува проблеми ќе слезе од небото и ќе ѝ се придружи во нејзината авантура.
И наредните седум дена на репертоарот е најгледаниот филм изминатиот викенд во светот авантуристичкиот „Игрите на Гладните: Балада за Песнопојки и Змии“. Приквел на мега-успешната франшиза Hunger Games базирана на светскиот бестселер на писателката Сузан Колинс, во кој се прикажуваат десеттите „Игри на гладот“, сместени 64 години пред првиот филм.
И натаму хоророт „Пет ноќи кај Фреди“ е на репертоарот, базиран на серијалот на видео игри. Проблематичен чувар почнува со работа во пицеријата на Фреди Фазбеар. За време на првата ноќ, тој сфаќа дека ноќната смена нема да биде толку лесна да се преживее и открива што всушност се случило пред многу години во пицеријата.
Акциониот авантуристички филм „Марвели“ е базиран на стрипови на Марвел, во кој се појавуваат ликовите Керол Денверс / Капетан Марвел, Моника Рамбо и Камала Кан / г-ѓа Марвел. Моќите на Керол Денверс се испреплетуваат со тие на Камала Кан и Моника Рамбо, што ќе ги натера да работат заедно за да го спасат универзумот.
Анимираниот „Титина“ е насинхрозниран нa македонски јазик . Титина е забавна и возбудлива приказна за речиси заборавеното патување и откритие: Oсвојувањето на Северниот пол во 1926 година со воздушна експедиција. Италијанскиот аеронаутички инженер Умберто Нобиле ужива во друштво на своето сакано куче Титина, кое го спасил од улиците на Рим. Еден ден, познатиот норвешки истражувач Роалд Амундсен го контактирал со намера да го освои Северниот пол со воздушен брод. Нобиле се стреми да ја искористи шансата и да направи историја. Тој ја носи Титина со себе каде што неверојатното трио тргнува во потрага по последното неоткриено место на Земјата. Нивната потрага е успешна, но после тоа двајцата мажи почнуваат да се борат за славата… Низ очите на четириногата Титина се открива вистинската приказна за триумфот и поразот.
Компјутерски анимираниот трилер „Инспектор Сонце и клетва на црната вдовица“ е сместен во светот на бубачките каде пајаците се полицајци, еден детектив се качува во воден авион кон Сан Франциско откако конечно го уапсил својот најголем непријател. На тој лет, се случува убиство кое ги вовлекува во заплет кој може да влијае и на светот на луѓето и на светот на бубачките. Инспекторот Мустаќ се качува во навидум нормален авион за да оди на одмор, но кога енигматичен милионер добива закана по неговиот живот, инспекторот повторно се враќа во акција. Заробен во мрежа од лаги, инспекторот Мустаќ мора да го најде виновникот пред да биде предоцна.
Tweet |