речник контакт

Филмскиот хит „Братство на крадци2 Пантера“ и хоророт „Човек волк“ премиерно во 3Д киноверзум Велес (видео)

Седум филма на репертоарот на 3Д киноверзум, наредните седум дена, две се премеири

Петар Печков

Премиера на акцијата „Братство на крадци2: Пантера“, која по премиерата во светските кина е најгледан филм. Џерард Батлер и О’Шеј Џексон Џуниор се враќаат во експлозивното продолжение на акциониот хит од 2018, Братство на крадци! Во ова продолжение, легендарниот Биг Ник (Батлер) повторно тргнува во лов – овој пат во опасното подземје на Европа. Неговата цел? Дони (Џексон), кој се наоѓа среде смртоносни интриги во светот на крадци на дијаманти и на немилосрдната банда Пинк Пантер. Нивната цел: да го изведат најголемиот и најдрскиот грабеж во историјата – дијамантска берза од светски ранг. Со адреналински потери, двојни предавства и непредвидливи пресврти, Биг Ник треба да се соочи не само со криминалците, туку и со сопствените граници за да ја запре смртоносната операција. Бидете подготвени за акција без прекин – каде што се брои секој потег, а влогот е живот или смрт!


Хоророт „Човек волк“  е втора премиера. Блејк, сопруг и татко од Сан Франциско, кој го наследува својот далечен дом од детството во рурален Орегон откако татко му исчезнува и се смета за мртов. Со бракот со својата моќна жена, Шарлот, Блејк ја убедува Шарлот да направи пауза од градот и да го посети имотот со нивната млада ќерка, Џинџер. Семејството доаѓа на фармата среде ноќ, нападнати  од невидливо животно и во очајничко бегство, се забарикадираат во домот, додека суштеството кружи околу него. Додека трае ноќта, Блејк почнува да се однесува чудно, се трансформира во нешто непрепознатливо, а Шарлот ќе биде принудена да одлучи дали ужасот во нивната куќа е посмртоносен од опасноста надвор.

На второто место по гледаност во светот, четврта недела на врвот, анимираниот филм Муфаса кралот лав, новиот филм на студиото Дизни.  Откако  Симба станува крал,  решен  е неговото младенче да ги следи неговите стапки, додека се истражува потеклото на неговиот покоен татко Муфаса.

И натаму четврта седмица по ред, овој пат како трет  филм во светот е  „Соник супер еж 3“. Соник, Наклс и Тејлс се повторно заедно за да се соочат со нов и застрашувачки непријател: Шeдоу, мистериозен негативец со темни сили какви што никогаш не се сретнале. Силата, брзината и разорните способности на Шeдоу ги ставаат тимот на Соник во неповолна позиција, принудувајќи ги да размислат за нова стратегија. Со своите надминати способности, тројцата откриваат дека за да го победат овој моќен нов непријател, мора да побараат неочекувано сојузништво. Покрај стари пријатели и нови ликови, тие ќе патуваат низ непознати земји, откривајќи скриени сили и тајни кои може да ја носат клучната улога во поразувањето на Шeдоу. Но, додека собираат сили, почнуваат да се прашуваат: Дали Соник и неговиот тим можат да им веруваат на своите нови сојузници или влијанието на Шeдоу е уште поопасно отколку што мислат?

На четвртото место по гледаност во третата седмица во светот, е Носферату на режисерот Роберт Егерс.  Филмот претставуваа современа филмска адаптација на култниот хорор класика од 1922 година. Тој е на третото место во светот по гледаност, втора седмица по ред. Филмот следи морничава приказна за грофот Орлок, вампир кој опседнува млада жена и венсува ужас во нејзиниот свет. Бил Скарсгард во улога на вампир ветува хипнозитирачка ролја,додека Лили Рос Дип донесува свежѓа емоционална димензија. Визуелно импресивен, истражува теми на копнеж, смрт и бесмртноста. НОСФЕРАТУ е готска приказна за опсесија помеѓу проколната млада жена и застрашувачкиот вампир кој е вљубен во неа, која предизвикува невиден ужас зад себе.  

 „Падингтон во Перу“, малото мече кое се враќа, за да ја посети својата тетка Луси, која живее во Домот за пензионирани мечки. Заедно со семејството Браун ги очекува возбудлива авантура кога мистерија ги втурнува во неочекувано патување. Кога Педингтон дознава дека неговата сакана тетка Луси исчезнала од Домот за пензионирани мечки, тој и Браунови одат во дивините на Перу да ја бараат, со единствена трага за неа во една точка обележана на една загадочна карта. Решен да ја реши мистеријата, Педингтон се впушта во возбудлива потрага низ прашумите на Амазон за да ја најде тетка си... и може да открие и едно од најлегендарните богатства на светот. Во филмот игра и Антонио Бандерас.

Американскиот  филм  „Злобница“, мјузикл, романса со Аријана Гранде, Синтија Ериво.  Во Злобница, нераскажаната приказна за вештерките од Оз, игра добитничката на наградите Еми, Греми и Тони, Cynthia Erivo, (Harriet во броодвејската претстава The Color Purple), како Elphaba, млада жена, несфатена поради нејзината необична зелена кожа, која допрва треба да ја открие својата вистинска моќ, и добитничката на Греми, мулти-платинеста уметничка и глобална супер ѕвезда Аријана Гранде како Глинда, популарна млада жена, привилегирана и амбициозна, која допрва треба да го открие своето вистинско срце. По две децении, еден од најсаканите и најтрајни мјузикли на сцената, од есента и на големото платно.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »