речник контакт

Финалето за одбојкарски шампион почнува в четврток

ОК Струмица и ГОК Борец играат на три добиени натпревари за титулата првак. Велешани улогата фаворит ја препуштаат на противникот.

Петар Печков

Првиот финален меч меѓу ОК  Струмица  и ГОК Борец е закажан за  в четврток, кога ќе  стартува финалната серија во домашниот одбојкарски шампионат. Актуелниот шампион Струмица ќе ја има предноста на домашен терен со оглед на пласманот во регуларниот дел од сезоната, освоеното прво место. Првата пресметка се игра  во салата „Парк“. 

Според договорениот распоред  вториот меч од плеј-оф серијата ќе биде в недела во Велес, во салата Гемиџии . Третиот меч од финалната низа кај мажите е закажан за  наредната  среда 26 април.

„Струмица е фаворит, ние затоа влегуваме во овој дуел ослободени од императивот победа, ќе играме растоварени. Тука ја гледам можноста да покажеме добра игра и на еден од првите два натпревари и изненадиме “ - вели тренерот Петре Жабев. Додава дека за клубот и пласманот во финалето на Купот и првенството е голем успех.

Поради семејни причини, либерото во екипата на ГОК Борец иранскиот интернационалец Хусеин, заимнал дома, па велешани ќе бидат ослабени во финалето за титулата првак на Македонија.

Екипа на ОК Струмица има само еден пораз оваа сезона и тоа дома од ОК Шкендија. ОК Струмица и  ГОК Борец се сретнаа во финалето на Купот, играно во Радовиш и победија струмичани со максимални 3:0.

Ваков успех велешкиот одбојкарски прволигаш имаше во 2011 година тогаш како ОК Борец Брако, кога играше во финалето на првенството за титула и финалето на Купот. Во двете средби  противник беше ОК Шкендија и двете ги загуби. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »