речник контакт

Финансиска поддршка од Општинскиот Буџет за проектите, кои би обезбеди локалната власт

Советничката група на СДСМ најавува решавање на децениските проблеми за дел од граѓаните

Петар Печков

Советничката група на СДСМ дел од Советот на Општина Велес ќе ги поддржи предлог точките за обезбедување  финансиски средства, за проектите кои локалната власт  ги обезбеди преку повеќе институции од земјава и странство.

Со овие проекти ќе се решат децениските проблеми на граѓаните на општината, најави на прес конференција Стево Крстевски член на Советот на Општина Велес, дел од владејачкото мнозинство. 

Со овие проекти е предвидено да се асфалтира патниот правец кон село Сливник, улица во истото село, асфалтиран пат до локалитетот Пешти и туристичката атракција ,,Паметно езеро Младост,, како и проектот ,,Велес без бариери, со кои ќе се нивелираат тротоари во градот за полесен пристап за граѓаните со посебни потреби - рече Крстевски. 

Тој кажа дека очекува сите овие проекти да завршат до крајот на годинава. За сите проекти Општина Велес треба да издвои 15 милиони денари, наменски за ДДВ. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »