Петар Печков
Објавено: петок, 13 февруари 2015
На сите три оштетени семејство од пожарот во Дворови, од понеделникот ноќта, локалната власт ќе им даде финансиска помош. За Јанушеви, Бошкови и Рашевски Градоначалникот одвои по 30 илјади денари, додека Советот на општина Велес на вчерашната седница додели 70 илјади денари.
Сопственикот на Мотел Македонија,Мите Јованов, понудил таму да се сместат семејствата кои останаа без кров на главата. Ова го прифанало семејството Бошкови, додека Јанушеви одлучиле д а се сместат кај нивни блиски.
Советот на родители на ООУ „Блаже Конески“ Велес во соработка со вработените и учениците во училиштето , организира хуманитарна акција за собирање на парични средства за помош на семејството Јанушеви чија куќа изгоре во пожар. Ги повикуваат сите хумани граѓани да се вклучат во оваа акција, која ќе се одржи во поливалентниот простор на училиштето на ден 18 февруари (среда) од 11 до 18 часот.
Tweet |