Петар Печков
Објавено: петок, 14 ноември 2014
На вчерашната седница советниците одлучија на семејството Давчевски, чија куќа изгоре до темел поред 10 дена да му доделат 30 илјади денари.
Претходно и градоначалникот Чадиев од средствата со кој тој располага исплатил 30 илјади денари. И Министерството за труд и социјална политика како прва неопходна помош исплатило 40 илјади денари. Бројот на трансакционата сметка на семејството на Велибор Давчевски е 210501669280130 - Тутунска Банка.
Истовремено вчера, Советот одлучи финансиски да му помогне на и на Хикмет Хусејинов, кој живее на улица Благој Нечев бр. 18, на кому од поројниот дожд на 31 август му падна дел од трошната куќа, изградена од плитар. Нему му се доделени 15 илјади денари.
Tweet |