речник контакт

Фис, Џафер и Венко, плус чалгија за Новогодишната ноќ

Забавата ќе трае два дена а сцената ќе биде отворена за сите велешани кои сматаат дека се интересни за публиката. Локација кај споменикот на Рацин во дворот на Гимназија

Петар Печков

Градоначалникот на Велес Горан Петров  информираше дека во Велес и годинава ќе има организиран дочек за Нова година. Забавата за граѓаните ќе се одржи на дел од улицата „Благој Ѓорев" пред Гимназијата, на истото место каде што беше и питијадата.

Општината има договор со сопствениците на кафулињата кои заеднички ќе учествуваат во организирање на целата манифестација.

Граѓаните на Велес Новата 2013 година ќе ја дочекаат со чалгаџииски оркестар на МРТ и групата „Тоа е тоа‘‘ со Мики Јовановски-Џафер, Венко Серафимовски, Љупчо Трајковски-Фис.

Како што информира Петров, два дена  претходно на отворена сцена велешани ќе можат јавно да го искажат својот талент преку настап кој ќе значи и нивна афирмација. Пријавувањето на талентираните граѓани кои сакаат да настапат во дводневната новогодишна отворена сцена е во тек

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »