речник контакт

Фондацијата Анѓушев им додели стипендии на Панова и Инѓилизов

Викторија и Марко направија импресивен успех, во конкуренција во 100.000 деца од цела Европа и тоа е резултат што треба да се награди, интелект и знаење што треба да се негува и поттикнува

Петар Печков

Младите велешани, ученици во прва година Гимназија Кочо Рацин,  Викторија Панова и Марко Инѓилизов,  од Фондацијата Анѓушев, основана од вицепремиерот проф. д-р Кочо Анѓушев добија  стипендии до крајот на нивното школување. Панова и Инѓилизов   го освоија второто место на финалето на Европскиот квиз на парите што се одржа пред еден месец во Брисел, Белгија.

На средбата со младите ентузијасти, вицепремиерот им го честиташе постигнатиот успех и им посака да ги прошират своите амбиции за постигнување нови знаења и успеси, а неговата поддршка ќе ја имаат секогаш.

Викторија и Марко направија импресивен успех, во конкуренција во 100.000 деца од цела Европа и тоа е успех што треба да се награди, интелект и знаење што треба да се негува и поттикнува. Тие се едуцирале со своите професори но и самите, покажаа самоиницијативност, научиле многу сериозни работи. За нивната возраст, знаењето што го поседуваат во сериозни теми, е навистина реткост и говори дека тоа е нивен интерес и избор. Сакам лично да ги поддржам и да им порачам дека тоа е начинот да се успее, да се биде иницијативен и да се учи повеќе. Затоа Фондацијата Анѓушев, им доделува стипендија, да биде поттик и мотивација за понатамошна нивна едукација. Да се охрабрат и понатаму да вложуваат во себе и да бидат пример за сите нивни врсници - рече Анѓушев при средбата.

Сакам да се заблагодарам на овој гест на вицепремиерот кој дојде лично да ни честита. Оваа награда за нас е голема и значајна, меѓутоа за мене многу повеќе ми значи неговата лична поддршка и поддршката од целокупното општество - изјави  Марко Инѓилизов.

Многу ми е мило што министерот лично нè поддржуваат и ни даваат поттик да останеме тука, да го покажеме нашето знаење и со тоа да придонесеме за државата - кажа Викторија Панова.

Стипендијата од Фондацијата Анѓушев, им се доделува на Викторија и Марко, до завршувањето на средното образование. Единствен критериум да ја задржат стипендијата е да покажуваат одличен успех. Фондацијата Анѓушев е основана од проф. д-р Кочо Анѓушев, каде вицепремиерот го уплатува месечниот надомест од вицепремиерската плата. Една од целите на Фондацијата е поддршка на младите интелектуалци и ентузијасти за постигнување значајни резултати во различно поле и поттикнување на образовна надградба. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »