речник контакт

Фондацијата „Saint-Gobain“ и Хабитат Македонија со донација ќе реновираат два објекти за социјално загрозени семејства во Чашка

Со донацијата се опфатени два објекти дневен центар за стари лица и со апартмани за домување на социјално загрозени лица кои ќе бидат комплетно реновирани со термо енергетска фасада, подови, хидроизолација на бањи и покрив, подни и ѕидни опшивки, олуци и нови прозорци и врати

Петар Печков

Компанијата Saint-Gobain преку Фондацијата Saint-Gobain Initiatives донира 70.000€ за реконструкција на 2 објекти за социјално загрозени семејства во општина Чашка. Донаторскиот проект ќе се реализира во соработка со Хабитат Македонија која ќе учествува со 17.000€, и во координација со општина Чашка која е и сопственик на двата објекти. За да се означи почетокот на проектот денес во просториите на Хабитат Македонија е потпишан и меморандум за соработка помеѓу Хабитат и општина Чашка.

Saint-Gobain како светски лидер во производството на лесни и одржливи градежни материјали, со оваа донација ќе го реконструира дневниот центар за социјално ранливите лица во општина Чашка и ќе овозможи подобрување на условите за домување на осум  социјално загрозени семејства со вкупно 20 членови.  

Дополнително, со цел поттикнување на нови можности за вработувања во градежниот сектор и економски придонес на локално ниво, со оваа донација ќе се овозможи и обука на 10 млади лица за сертификација за градежни работници во приватната образовна институција “Ванчо Прке“ Штип. Со тоа ќе им се помогне на младите од општина Чашка полесно да се вработат во градежниот сектор, како рурална заедница во која нема многу можности за вработување на младите.

Со донацијата се опфатени два објекти со дневен центар за стари лица и  со апартмани за домување на социјално загрозени лица кои ќе бидат комплетно реновирани со термо енергетска фасада, подови, хидроизолација на бањи и покрив, подни и ѕидни опшивки, олуци и нови прозорци и врати.

Ова е трета донација на компанијата Saint-Gobain во Македонија. Во изминатиот период,Saint-Gobain во соработка со Habitat Македонијаима донирано околу 80.000€ за проектот „Енегретска ефикасност на  Здружението на пензионери во Кавадарци”и за проектот„Реконструкција и енергетска ефикасност на Центарот за помош на лица со ментален хендикеп Порака - Неготино”.

„Kако социјално одговорна компанија, Saint-Gobain поддржува проекти за изградба или реновирање на простори за живеење на луѓе од социјално ранливи категории, придонесувајќи за намалување на потрошувачката на енергија и зачувување на животната средина. Во рамките на овие проекти исто така промовираме и поддршка за професионалната интеграција и образование, преку стручно до усовршување на млади лица со фокус на градежните професии. Покрај финансиската поддршка, ние даваме и техничка поддршка за време на реализацијата на овие проекти. Горди сме на оваа наша трета донација во Македонија и веруваме дека придобивките од нашата донација, ќе обезбедат далеку поодржливи и подостоинствени услови за живот во овие два објекти во општина Чашка. “, изјави Томаш Росак, Главен извршен директор на Saint-Gobain за Источна Европа.

„Хабитат Македонија, како единствена граѓанска организација која ја опфаќа областа на супстандардното домување, во изминативе години е носител на повеќе вакви иницијативи за подобрување на енергетската ефикасност и квалитетот на домување во локалната заедница, особено за најранливите групи на граѓани. Проектите се спроведуваат со општествено одговорни компании од корпоративниот сектор, и особено сме благодарни што веќе по третпат Фондацијата Saint-Gobain Initiatives во нас препозна партнер со заедничка визија и вредности, и се надевам дека таа соработка ќе продолжи и понатаму.“ – изјави Зоран Костов,  Директор на Хабитат Македонија.

„Како мала и рурална локална средина, сами можеме многу малку да придонесеме за подобрувањето на условите за живот за ранливите категории на граѓани. И секоја донација е повеќе од добродојдена. Со реконструкција и подобра енергетска ефикасност на објектите, се создаваат похумани услови за живот за социјално загрозените семејства, како и за пензионерите во нашата општина, и на тој начин помагаме на оние на кои најмногу им е потребна помош“ – изјави градоначалникот на општина Чашка ГоранСтојановски.  

Реконструкцијата и енергетско ефикасната обнова на овие два објекти се планира да заврши во период од една година, а Saint-Gobain и Хабитат Македонија преку овој проект сакаат да ги зајакнат капацитетите и потенцијалите на ранливите категории, нивната интеграција во локалната заедница и поддршка во справувањето со сите социјални предизвици.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »