Петар Печков
Објавено: петок, 08 април 2016
Фонтаната кај Авона граѓаните чекаат со месеци чека да биде повторно пуштена во употреба. Иако беше најавено дека ќе проработи по Денот на Општианта 9-ти Ноември, тоа не се случи. Деновиве откако времето се затопли и околните клупи пак се наполонија со минувачи, се актуелизираше потребата таа да функционира.
Фонатаната се запусти, повеќе од осум месеци не работи. Сите кои тука минуваме, одмараме констатиравме дека баш е добро таа да работи повторно - велат сограѓани кои тука одмараат.
Фонтаната не работеше оти водата протекувала до соседната зграда и создала сериозни оштетувања. Од ЈКП Дервен, кои ги изведуваше поправките најавуваат дека до 15-ти април таа ќебиде пуштена во употреба.
Поради тешка оштетеност на фонтаната кај „Авона“ во изминатиов период беше извршена реконструкција. Во градежниот дел беше извршена санација на подниот слој и ѕидовите, беше поставена хидро-изолација и беше извршено фарбање со специјална базенска боја. Освен ова, ЈКП Дервен изврши репарирање на електро-машинската опрема, водоводните инсталации и чистење на украсните инокс елементи - изјавија од ЈКП Дервен.
Tweet |