речник контакт

Формиран е секторски штаб на ниво од СВР Велес кој ги следи активностите за парламентарните и претседателските избори

Целта е да имаме безбедна кампања за политичките партии, за граѓаните, и да имаме фер и демократски избори најваи заменикот министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев

Петар Печков

Формиран е општински штаб на ниво на СВР Велес, кој го следи процесот за почитување на  изборниот ред, кажа денес при посетата на Полицискта станица Велес, заменикот министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

„На средбата со раководството со СВР Велес бев информиран дека покрај централниот штаб за овие претседателски и парламентри избори, формиран е и секторски на ниво на СВР Велес. Фукционира во полн соства, се прибираат информации,  се со цел МВР да биде подготвена за денот на изборите. Денес започна и претседателската кампања, се следат и тие активности, која партија, кој кандидат каде отвора штаб, каде има митинзи,  се со цел да имаме безбедна кампања за политичките партии, за граѓаните, и да имаме фер и демократски избори“ -  кажа Бојмацалиев.

На прашањето колку членови брои штабот на ниво на СВР Велес, одговори дека тоа е класифицирана информација. Но дека граѓаните можат лично или на 195 пријават било каква повреда при изборниот процес.  Или тоа да го кажат лично на секој полицаец, кој ќе биде пред гласачкото место.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »