речник контакт

Фотодерматози и превенција од УВ зраците

Фотодерматозите се кожни заболувања кои настануваат под дејство на сончевата енергија, односно од УБ зраците. Фотосензитивноста е абнормална реакција на кожата пишува: При. Др. Милица Јовановска дерматовенеролог

Петар Печков

Биолошките ефекти врз кожата можат да бидат корисни – синтеза на витамин Д и штетни –канцерогени.  Спопред времто на јавување разликуваме акутни и хронични фотодерматози.

Според настанувањето разликуваме:
1.    Фототрауматски
2.    фототоксични
3.    алергиски фотодерматози
4.    дисметаболистички фотодерамтози
5.    фотодерматози од непозната етимиологија

Соларен дерматитис е кожна реакција  која е директно зависна од генетски  кожен тип и од влијание на средината –сезона, временски услови, траење на светлосната експозиција. Латентен период е 4-8 часа од изложувањето на сонце а се смирува по 72 час.  Кожните промени се од типот на изгореници.

Берлок – дерматитис настанува по локална апликација на фитотоксични супстанци (најчесто козметички препрати) и УВ експозиција. По неколку часа  од експозицијата се јавува црвенило и појава на меури кои  заздравуваат со ограничени  хипер пигментации.  

Фитофотодерматитис. Тоа е воспалителна реакција која на станува при излагање на сонце, на ливади кај капачи кои лежат на трева, кај деца кои  берат цвеќе и кај домаќинки при берење  или приготвување на смокви.

Фотосензибилизатори се фурокумарините во растенијата.   Клиничките промени на кожата се во вид на јасно ограничени црвенило а понекогаш и меури исполнети со бистра течност и често имаат  облик на отисок од растението.

Фотоалергисти дерматози кај нив покрај фотосензибилизатор и светлина учествуваат и имунолошки механизми.  Тука спаѓа фотоегземот или контактниот дерматитис. 

Urticaria solaris e фотоодерматоза која настанува само по неколку минутна изложеност на сонце  или вештачка светлина. Се карактеризира со сити клинички промени како и обичната уртикарија. 

Чувствителноста на кожата на човекот ан светлосните зраци е различна. Таа зависи од јачината на зраците, од   времето на изложеност,  од типот на кожата.

Фотодерматозите се јавуваат најчесто од фотоекспонираните делови  од телото – лице, подлаткици, надлактици, потколеници, деколтеа, а кај капачите по целото тело со исклучок на пределот кој го покрива костимот за капење. 

Главен патогенетски фактор за штетното влијание на сонцето и биолошки најактивен  е ултравиолетовиот дел од спектарот  и тоа  УВ-Б зраците.

По долго сончање поради фотохемиското дејство на УВ зраците доаѓа до воспаление на кожата и пропрано до црвенило, оток, меурчиња и јадеж.   Меурчињата со тек аа време прскаат и создаваат крастчки. По неколку дена следи лупење на кожата и на крај завршува со пигментација. Во потешките случаи може да дојде од појава на цикотрикси.

При перманентно изложување на сонце кожата се здебелува, ја губи еластичност и добива преран старечки изглед. Таква е кожата на а пример кај земјоделците и морнарите.  При долготрајно изложување на сонце може д а се испровоцира појава на рак  на кожатa кој е еден од најмалигните тумори  кај човекот.

При појавата на патолошки проимени на кожа кои настанале поради штетното дејство на УВ зраците пациентите треба да консултираат дерматолог.    

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ?
-со избегнување на сончање во период од 11 до 17ч. кога јачината на сончевите зраци е најинтензивна

 -постапно  изложување на сонце со цел адаптација на кожата на сонце. Тоа  се постигнува со продолжување на сончањето секој ден по 20 -30 минути повеќе од претходниот ден

- употреба на заштитни средства во вид на масти, креми, суспензии кои ги апсорбираат УВ-Б зраци а ги пропуштаат УВ –АС зраците. Тие средства содржат 3% танини или 5% кинини или 5% параамино бензовева киселина. Заштитните фактори се означени со бројки, заштита е пропорционална со бројката. Посебно повисоки  фактори  за заштита  треба да се користат кај децата поради поголемата чувствителност на кожата.  

Посебно место во превенцијата од штетното дејство на сонцето зазема фотосензибилирачкото дејствие на некои  лекови – сулфанамиди, некои антибиотици, фурокумарини, цитостатици, потоа парфеми и дезодоранси.  И секако мошне важно е носење на светла и лесна облека в о летните денови. 
При. Др. Милица Јовановска дерматовенеролог 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »