Петар Печков
Објавено: понеделник, 21 јануари 2019
Поради снегот и ниските температури, ловџиите од Ловното друштво ,,Руен,, од Велес излегоа на терен и вршеа прехрана на дивечот.
Изминатите 10 дена фрлена е храна во количество од 4,5 тони. И тоа 2,5 тони кршок од пченка, пченица и јачмен за прехрана на ситниот дивеч во седум ловишта.
Два тони кабаста храна е фрлена за крупен дивеч - диви свињи, срни и елени на четири ловишта. Од неа 1,2 тони е енергетска а 800 кг е сочна храна.
ЛД Руен е концесионер на ловиштето во Општина Велес и тој има законска должност да се грижи за прехрана на дивечот во зимски услови.
Tweet |