Петар Печков
Објавено: петок, 30 ноември 2012
Недела завршува есенската полу етапа во третата лига југ, каде на првите три места се три велешки екипи, Борец со 40, Бабуна од Мартолци со 31, и трет е Илинден од Башино село со 29 бода. Распоредот сакаше токму тие во последното коло да играат на домашен терен и тоа во градско дерби првиот со вториот Борец – Бабуна а почетокот е закажан во 13 часот.
Претходно во 11 часот на фудбалското игралиште во Башино село Илинден игра со Младост од Кривогаштани. Убава можност велешките љубители на фудбалот да ги видат овие екипи. Единствена непозната е како ќе се игра на Градскиот стадион кој по дождот од четвртокот е прекриен со вода.
Tweet |