Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 ноември 2026
На вчерашниот - недела, натпревар од Општинската фудбалска лига, во полиција било пријавено дека тројца фудбалери на гостинската екипа, ФК Тополка, биле нападнати од навивачи на домаќинот „ФК Бузалкова“. Натпреварот се играл на игралиштето во Раштани.
„На 1 ноември во 15:00 часот во СВР Велес е пријавено дека на фудбалско игралиште во село Раштани, велешко, на крајот од фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК „Бузалковo“ од Бузалково и „Тополка“ - Превалец, двајца навивачи на екипата на ФК „Бузалковo“ влегле на теренот и физички нападнале тројца играчи на ФК „Тополка“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.
фото: ФК Бузалкова
| Tweet |




