Петар Печков
Објавено: сабота, 23 мај 2015
Неодамнешниот меморијален натпревар одигран во чест на голманот Паунов , со собраа велешките фудбалери од екипата на Борец кои при крајот на 80-тите и 90-те го полнеа Градскиот стадион во Велес.
Мало потсетувањена фудбалерите кои во недела наместо на неделен ручек не собираа на стадион, покрај транзисторот и чекајќи ги резултатите од другите натправари во Трета лига на поранешна Југославија или во Прва Македонска лига, каде Борец играше.
Долгогодишниот секретар на Борец Ристе Темелков откри дека натпревар со најмногу продадени билети во Велес е тој од февруари 1982-та кога во Велес гостувал ОФК Београд се продадени 4,6 илјади билети.
И додека тогаш се играше на природна трева, истите фудбалери, сега играа на вештачка подлога. На прашањето како се играло тогаш и како е сега, одговорот го даде Леон Кодовски: ,,природно, е природно,,.
Tweet |