речник контакт

Фудбалерите на Борец со пораз се враќаат од дербито во Гевгелија

Футсал екипата на КМФ Велес победи, победија и кошаркарите дома. Порази за ракометарите, одбојкарите, фудбалерките

Петар Печков

Со пораз, прв во 11 кола,  се враќа второлигашот ФК Борец 1919 од Гевгелија од дербито против ФК Кожуф. Со 2:1 (0:0) со головите на Ристоски во  63 и 71 домаќинот поведе со 2:0 а преку Христов во 77 од пенал велешани намалија, но не стигнаа и до израмнување. Тоа беше дерби  натпревар помеѓу лидерот и трето пласираната екипа на табелата додека во второто дерби, второпласираниот ФК Тиквеш одигра нерешено со четврто пласираната ФК Брегалница во Штип 1:1.  Со ова заврши првиот дел од есенската полу етапа и по 14 кола ФК Борец 1919 е лидер со 34 бода, пет повеќе од второ пласираниот ФК Тиквеш до Кавадарци. Токму овие две екипи играат меѓусебно, во заостанат натпревар, в сабота на Градски.

 Во Првата футсал лига   во 11-тото коло победа и пораз за двете велешки екипи. Лесна и убедлива победа со 8:1 (3:0) за  КМФ Велес против КМФ Црна река од Кавадарци, кој е седмопласиран.   Вториот прволигаш КМФ Гемиџии 1903 дома загуби од КМФ Железарец со 3:9 (1:3) коај е трето пласирана. По ова 11 коло КМФ Велес е втор со 2 бода помалку од лидерот КМФ Шкупи   а КМФ Гемиџии 1903 е осми со 12 бода. Во следното коло во соседско дерби според пласманот КМФ Гемиџии гостува во Кавадарци  на КМФ Црна река која е седма со два бода повеќе. КМФ Велес пак игра во Скопје против КМФ Јувентус Серава кој е петти со 15 бода.   

Во Првата женска фудбалска лига, на Градски ЖФК Борец загуби со 0:5 (0:4)од ЖФК Каменица Саса. Осмо пласирана екипа на табелата немаше проблем да ја победи осетно подмладената домашна екипа.   Во пресрет на последното есенско коло велешанки се 12-ти од 14 екипи со една победа  во в недела играат во Тетово  против екипата на ФК Љубоатен, која како и велешанки има три бода, и двете екипи славеа над последно пласираната ЖФК Плачковица до Радовиш. Ќе имаат ли велешанки шанси за поволен резултат, бидејќи за противник имаат екипа со слични квалитети.  

 Во 11-тото коло од Супер лигата во ракомет, пораз за ракометарите на ГРК Борец од ГРК Прилеп со 26:32 (15:17). Подмладената велешка екипа во недостаток на финансиски  средства  игра без надеж дека ќе забележи поволен резултат. Така беше и на оваа средба во која двете единствени победи ги имаат токму над велешани  и се едно место погоре од последно пласираниот Борец, кој нема ниту еден бод.    За одбележување се 11-те гола на Борис Илиевски, од кои 5 се од удар од седум метри. Во следното коло  ГРК Борец гостува во Охрид на истоимената екипа кој е четврта со 21 бод.

Одбојкарите на ГОК Борец загубија дома, во салата на ОУ Блаже Конески со максимални 0:3 против екипата на Весна од Пробиштип.   Против гостите кои имаат само еден пораз во четири кола,   малата велешка екипа покажа сериозен отпор, па првите два сета гостите ги добија на разлика а во третиот домаќинот освои 19 поени.    По ова петто коло ГОК Борец е деветти од десет екипи,  со една победа.  

Кошаркарите на Борец баскет дома славеа над екипата на ТФТ од Скопје со 79:62,  која  беше петта со 8 бода. Со оваа победа велешани се втори со ист број бодови со лидерот Карпош Соколи,. од кого загубија претходно дома.   Во следното 8-мо коло велешани гостуваат   на Баскет Дино   кој е шести со три победи и три порази. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »