речник контакт

Фудбалерите на Борец ги започнаа подготовките за новата сезона, со петмина новаци

Останува стручниот штаб од крајот на минатата сезона, амбициите не се соопштуваат

Петар Печков


Потпретседателот Владимир Брчков  на прес конференција, најави дека денес претпладне започнаа потковките на велешкиот фудбалски прволигаш Борец. Тој на фудбалерите и стручниот штаб, кој останува непроменет, им посака успешна сезона и добро здравје.  Прв тренер и во новата сезона останува Борче Христов заедно со целиот тим во стручниот штаб, тоа се Марјан Герасимовски, Баже Левков и Зоран Ристевски кој е тренер на голманите.  

Директорот на клубот Драган Јорданов ги објави новите имиња, засилувањата, тоа се:  Енсар Љума од ФК Шкендија, Ристе Каракамишев од ФК Силекс,  Александар Ѓорѓиески од ФК Охрид, голманот Стефан Јакимовски од ФК Кадино и Кристијан Николов од ФК Пелистер.

Договорите ги продолжиле младинскиот репрезентативец до 21 година Лука Трајкоски, потоа велешаните Ѓорѓи Ѓорѓиев, Трајче Трајков,  Филип Манасиевски, Азер Омерагиќ, Филип Ристовски и  Кристијан Ефтимов. Клубот бил и во преговори со неколкумина странски фудбалери, а чии имиња ќе бидат познати по завршувањето на преговорите и потпишувањето на договор.

Управата, тренерот, не го кажаа амбициите на клубот во претстојната сезона и на новинарско прашање Христов рече:

„Сакам да направиме добра атмосфера, добар играчки потенцијал. Во зависност од тоа како ќе се одвиваат работите, ќе ги кажеме и нашите амбиции. Нема да кажам дека сакаме подобар пласман од лани, или да се бориме за опстанок. Да направиме екипа која ќе биде конкурентна во македонскиот фудбал, и може да дојде до резултати кои ќе бидат  задоволителни за ФК Борец“ кажа тренерот  Христов.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »