Петар Печков
Објавено: сабота, 04 март 2023
По 18 одиграни кола ФК Борец го освои првиот бод во Втора лига. Во Тетово одиграа нерешено соа екипата на ФК Тетекс 1:1 (0:0) .
Велешани како гости поведоа со голот на Милан Чичевски во 60 минута а во финишот во 82 со автоголот на Борец, домаќините израмнија на 1:1.
Ова беше дерби на двете најслаби екипи на табелата, последно пласираниот ФК Борец и претпоследниот тим ФК Тетекс, кој имаше 10 бода.
Во следното коло во Велес гостува екипата на ФК Вардар која е трета но со ист број бодови како лидерот ФК Воска спорт и ФК Гостивар со по 43.
За потсетување дека последната победа ФК Борец ја имаше во 30 коло од Првата лига на 1 мај 2022 годинана Градски, против ФК Скопје а одигра и еден куп натпревар во 1/16 финалето каде загуби, тоа е серија од 21 натпревари без победа или реми, која заврши денес во Тетово
Tweet |