Петар Печков
Објавено: понеделник, 24 септември 2018
Во петтото коло од Втората фудбалска лига Исток велешки Борец победи дома во дербито со непоразениот Кожуф до Гевгелија со 2:1 (1:1). Домаќинот стигна тешко до бодовите, во финишот од пенал во 85-тата минута а го реализираше Христов. Поведоа велешани во 3-тата минута преку Колевски а гевгеличани израмнија во 25-та преку Ристовски. Во следното коло Борец 1919, утре гостува во Радовиш на Плачковица која е четврта со три бода и 9 бодови. По пет кола ФК Борец е лидер со пет бодови предност од 15 освоени.
Се одигра второто коло од Првата футсал лига. Првакот КМФ Велес со скромен старт еден освоен бод, викендов во Кавадарци против КМФ Црна Река. Одиграа нерешено 4:4. КМФ Гемиџии 1903 играше во Скопје против Железарец загуби со високи 8:1. Во следното коло КМФ Велес го пречекува лидерот КМФ Црна Река а КМФ Гемиџии игра дома Јувентус Серава.
Ракометарите на Борец во Супер лигата, во второто коло загубија во Прилеп од истоимената екипа со 33:22 ( 17:13). Младите велешани со 10-тата минута биле во водство 5:6 а потоа домаќините поведуваат з ана крајот да слават со 11 гола предност. Ристовски со чест гола бил најефикасен во редовите на велешани. Поради финансиски проблеми клубот игра со младинска екипа, за да не се откаже од лигата. Во следното коло во Велес гостува екипата на Охрид.
Викендот Велес и ТК Борец беа домаќини на отвореното првенство во тенис. Стефан Мицов го победи Горазд Србљак со 2:0 во сетови. Годинава на турнирот учествуваат 17 тенисери, и се одржа по седми пат.
Во неделата на патеката на Вардар, кај железен мост се одржа риболовниот куп ,,Кркушка,,.Со учество на 16 екипи, од кои пет од Србија победи Бистро од Алексинац -Србија пред Бабуна Велес трето Црна река 1923 од Битола. Во поединечна конкуренција првите три места ги освоија гостите од Србија победник Тане Крстиќ второ Предраг Ѓорѓевиќ трето Бранислав Станкович, сите од Бистро од Алексинац.
Tweet |