Петар Печков
Објавено: понеделник, 03 септември 2018
Во третото коло од Втората фудбалска лига Исток, ФК Борец 1919 ја забележа третата победа. На ,,жешкиот,, терен во прилепско Обршани поразена е екипата на Партизан со 2:0 (0:0). Стрелци за велешани беа Колевски во 54-та и Христов 89-та.
По ова трето коло Борец со Брегалница Штип се ан делба на првото место со тоа што Борец има гол разлика 6:0 а штипјани 8:2. Токму во следното четврто коло се игра меѓусебниот дуел на овие две екипи, во Штип на празникот 8-ми септември со почеток во 16 ч.
Викендов во Велес се одржа Отвореното првенство на Македонија во кајак и кану на диви води слалом. Учествуваа 60-тина кајакари од осум клубови, меѓу нив три од Србија. Во К-1 победи Енис Небиоски, пред Борче Мирчевски и Ангел Петрушевски, во Ц-1 победи Христијан Игнатов.
Организатор на првенството беше ККК Бабуна од Велес.
Tweet |