речник контакт

Фудбалерите на Борец ја прекинаа серијата порази, ја победија ФК Струга дома

ФК БОРЕЦ 1919 -ФК СТРУГА ТЉ 2:1 ( 0:0)

Петар Печков

Градски стадион „Зоран Паунов“ во Велес

Главен судија: Марјан Младеновски од Скопје

стрелци:  Прелчец 74` и Трајков 87` од пенал  (ФК Б) Јахја  51` (ФК СТЉ)

картони: жолт - Коцев, М. Ристовски, Стојчевски, Ф. Ристовски, Десниќ (ФК Б)  Касами, Тахири, Јахја, Алтипармаковски, Шеји, (ФК СТЉ); црвен - Шабани (ФК СТЉ)

ФК Борец: Ѓоргиевски, Ристовски, Стојчевски, Трајановски , Коцев , Прелчец, Силва Ристески, Радовиќ, Станковски во игра влегоа и - Десниќ, Пеев, Трајков, Чичевски, Трајков

ФК Струга Т.Љ.: Ѓуриќ, Цаке, Јахја, Таири, Шабани, Рамадани,Касами, Миленковски, Шабани, Мециновиќ, Скендери  играа и - Лена, Салиу, Шеји



Екипата на ФК Борец   со 2-1 (0-0) го победи тимот на ФК Струга ТМ , во дуелот од 14 коло на Првата  фудбалска лига.  Велешани губеа, иако играа со играч повеќе од 40-та минута, за да на крајот со пресврт победат.  Во првите 45 минути  ниту едно возбудување, фудбалерите од двете екипи не понудија ниту една зрела шанса вредна за издвојување. Со два жолти картони Шабани мораше надвор од игра во 40-та  минута. Гостите поведоа преку Јахја, а израмнување за велешани донесе капитенот Прелчец. Со гол од белата точка Борец, преку Трајков во 87` минута,  успеаја да победат.

 Натпреварот имаше многу прекини и 12 жолти картони.

По ова коло ФК Борец 1919 се искачи за едно место, на четвртото со 22 бода, ја прескокна екипата на ФК Струга ТЉ. Во следното коло   ФК Борец игра повторно дома, го пречекува лидерот ФК Шкендија од Тетово.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »