речник контакт

Фудбалерите на ФК Борец 1919 стартуваа со дополнителните подготовки за продолжување на сезоната

На првата средба беа присутни сите фудбалери вклучувајќи ги и странците. ФФМ одлучи во наредната сезона сите сегашни прволигаши остануваат членови на лигата

Петар Печков

Фудбалерите на Борец денес на Градскиот стадион во Велес, го означија старт на дополнителните подготовки за продолжување на сезоната. Тие и досега работеа, но индивидуално, засебно или поединечно.

Имаа состанок со тренерот Горазд Михаилов, на кој беа присутни сите фудбалери, вклучувајќи ги и странците. Средбата  се одржа на трибините со почитување на мерките и држење на меѓусебно растојание.

Како што информираа од клубот за Трмр,  Михаилов им соопштил на фудбалерите,  дека во првите денови ќе се работи во група до тројца фудбалери, се додека не се добијат протоколите за натаму.

Вчера ФФМ по состанокот со прволигашите соопшти дека првенството продолжува на 14-ти или 17-ти јуни., до кога преку тренажен процес фудбалерите треба да се вратат во форма.

Треба да се доигра првенството со останатите 13 кола, со забрзано темпо. Се знае дека во Прва лига остануваат сите досегашни членови, вклучувајќи го и велешкиот прволигаш ФК Борец 1919.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »