Петар Печков
Објавено: сабота, 11 март 2023
Во 20 коло од Втората фудбалска лига, велешки ФК Борец одигра нерешено во Гевгелија, со екипата на ФК Кожуф 1:1. (1:0).
Тоа е вториот освоен бод на велешани во оваа конкуренција.
Домаќините, кои беа 11-ти со 21 бод, повеле во 32 минута а ФК Борец израмнил преку Пешевски во 62 минута. И натаму велешкиот второлигаш е последен 16.
Во следното коло играат дома со екипата на ФК Арсими од Чегране кај Гостивар, кој е 10 со 24 бода.
Tweet |