речник контакт

Фудбалерите на ФК Борец се вратија непоразени од Струмица

Реми и за фудбалерите на ФК Башкими, но во Третата лига Југ,пораз за ФК Превалец

Петар Печков

Фудбалерите на ФК Борец се вратија непоразени од Струмица каде одиграа нерешено со домаќинот ФК Беласица,1:1. Така велешани скромното бодовно салдо го збогатија со еден бод и имаат 14. Но веќе подамна се во Трета лига Југ, тие се претпоследни 15-ти. Во последното коло за разделба од ова друштво, каде играа само една сезона, ќе се сретнат со екипата на ФК Охрид Лихнидос, која е 7-ми со 42 бода.

Се одигра претпоследното коло од Втората фудбалска лига, во која екипите од ОФС Велес забележаа реми и порз. ФК Башкими на гостувањето во неготински Долни Дисан, кај ФК Венец, кој е петтопласиран одигра реми 2:2 а ФК Превалец загуби со 2:1 од екипата на ФК Младост во прилепско Кривогаштани, домаќините беа четвртопласирани.  По ова 25 коло, нема промени на табелата. ФК Превалец е втор со 47 бода а ФК Башкими трет со 45, со тоа што за екипата новак во оваа конкуренција од Горно Јаболчиште првенството заврши, оти во последното коло се слободни. ФК Превелец игра дома со крушевски ФК Питу Гули кој е 8 пласиран.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »