Петар Печков
Објавено: понеделник, 31 март 2014
Изминатиот спортски викенд донесе повеќе радости отколку порази за велешките екипи. Фудбалерите на Борец дома одиграа нерешено 1:1 со екипата на 11 Октомври до прилеп. Гостите израмнија со пенал во 88-та минута, кој предизвика незадоволство кај домаќините. Ова е трет нерешен резултат на велешани во последните три кола. Така ја прекинаа серијата од 9 порази, но ниту пак Борец забележа победа во овие три натпревари. Со овие резултати тие се најдоа на 14-тото место со 14 бода и минимални теоретски шанси да го избегнат излегувањето од оваа конкуренција.
Екипата на Велес во футсал, на домашен терен го совлада тимот на Црна река од Кавадарци со 9:6. Со оваа победа во последното коло тие го освоија петото место.
Фудбалерите на Борец на домашен терен загубија со 6:2 од лидерот екипата на Кочани. Велешанки и натаму се петти во првата женска лига.
Одбојкарките на Борец Брако гостуваа во Штип каде го поразија со максимални 3:0 ( 18, 12,19) универзитетскиот тим на Гоце Делчев. Со ова првенството заврши а велешанки се 6-ти од 8 екипи, едно место погоре од лани. Освоија 14 года и четири пати победија. Ова од клубот го оценија како успех.
Ракометарите на Борец забележаа победа на гостувањето во Гостивар против екипата на Вардар Полог. Младите велешани славеа со 32 : 24, полувреме 19:10. Женската екипа на Борец пак загуби од Моби Дик со 30: 13 полувреме 12:7.
Кошаркарите на Баскет Борец ова коло беа слободни. Им преостануваат две гостувања за да ја заверат првата позиција во Третата лига и да се пласираат во повисок ранг.
Tweet |