Петар Печков
Објавено: среда, 09 мај 2018
9-ти мај Денот на победата и Денот на Европа беше одбележан и во Велес. Екипата на Гимназија која ја претставуваше репрезентацијата на Романија е победник на фудбалскиот турнир, на кој учествуваа сите четири средни училишта од градот како репрезентациите на Полска, Хрватска и Франција.
Во Младинскиот парк пак се одржа хепенинг, каде петте основните училишта од општината ги претставија земјите членки на ЕУ: Германија, Словенија, Полска, Франција, Холандија. Тие подготвија прогаганден материјал за секоја земја, со национални специјалитети и дел од народните носии. Градоначалникот на Оштина Велес Аце Коцевски им го честиташе овој ден на сите граѓани.
Драго ми е што сум тука, меѓу голем број млади, бидејќи се што правием е посветено на македонската младост.Целта е да создадеме држава во која што поколенијата ќе ја гледаат својата перспектива и иднина, да останат на родното огниште а не да заминуваат во Западна Европа или Американскиот континент. Затоа сите реформи кој треба да ги правиме, да бидат не затоа што ги бара ЕУ и НАТО туку пред се да создадеме подобра, поперспективна држава со своето законодавство ќе ги прифати западно европските принципите - порача Коцевски.
Tweet |