Петар Печков
Објавено: понеделник, 05 јуни 2017
Во последното коло од Прата лига за жени, фудбалерките на Борец во Струга со 2:1, ја совладаа претпоследно пласираната екипа на АС Јунајтед. Така по 16 кола велешанки се пласираа на четврто место до 10 екипи, освојувајќи 22 бода со 6 победи и 4 нерешени.
Неодамна претседателот на клубот Драган Димевски, пред велешките советници најави дека летово во клубот доаѓа моќен финансиски спонзор, со кој во наредната сезона ќе атакуваат на двојна круна , првенство и куп.
Екипата на ФП Превалец не успеа да влезе во Втора лига Исток. Тие во неделата попладне играа бараж со Саса од Македонска каменица, во Кочани. Загубија со 4:1, полувреме 1:1. ФК Превалец имал и статива за отворање на резултатот, но повеле фудбалерите од Каменица а со голот од слободен удар на Тодорвски превалчани израмнија. Во второто полувреме, како и во саботата, Реал против Јувентус, така и Саса постигна три гола и влегува во повисок ранг натпревари, каде е Борец.
Неделата попладне требаше да се одигра куп средба помеѓу ФК Борец 1919 и Партизан од прилепско Обршани. Гостите не допатуваа на Градски, па велешани одат натаму во Куп натпреварите.
Tweet |