речник контакт

Фудбалерките на Борец се селат во Втора лига, по поразот во Кочани

Реми за РК Бисинов и пораз за МРК Борец за разделба од сезоната

Петар Печков

Во дербито за опстанок во Првата фудбалска лига жени, во Кочани играа последно пласираниот  ЖФК Кочани и претпоследниот ЖФК Борец. Славеа убедливо домаќинките 5:0 (1:0) со кој пораз велешанки сега се фенерџии со три бода а кочанчанки имаа пет. До крајот остануваат уште две кола и ќе биде висинско чудо ако велшанки  слават дома против лидерот ЖФК Љуботен или на гостувањето кај ЖФК Речица која е8 со 13 бода.

Одиграни последните два натпревари на ракометните екипи во сезоната 2022/23 година. Помладиот лигаш РК Бисинов играше дома со екипата на РК Преспа и одигра нерешено 27:27 (16:12). Тоа беше директен дуел за трето место на табелата, гостите освоија бод, поточно домаќините со гол на 10 секунди пред крајот,  па на таа позиција остана РК Преспа, додека РК Бисинов го заврши првенството како 5-ти во разигрувањето за опстанок со шест остварени победи и 19 бода. Или во Првата лига го освоија  15 место од 17 екипи. МРК Борец загуби на гостувањето во Гостивар од Јехона со 43:21 (20:10). Така МРК Борец е последен без освоен бод или 17, но бидејќи нема понизок ранг останува во ова Прва лига.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »