Петар Печков
Објавено: среда, 22 ноември 2017
Во натпревар од осмина финалето на Градски, ЖФК Борец славеше со 3:1 против екипата на ЖФК Атлетико од Битола. Тоа беше цврст натпревар на две екипи со израмнет квалитет. Гостинките и први поведоа за велешанки со голот на Петрушевска израмнија, преку Србинката Крстиќ поведоа а со вториот гол на Петрушевска во финишот и го заверија пласманот во следното коло.
За тоа дека двете екипи со сличен квалитет говори и пласманот на табелата што Борец е трет а Атлетико четврт со ист број бодови. Куп натпреварите од 1/4 продолжуваат напролет а ждрепката ќе биде дополнително извршена.
Првенствениот натпревар помеѓу овие две екипи, на почетокот од првенството кој заврши со победа на велешанки со 6:2 е под истрага поради сомнителното однесување на гостинките. Фудбалерите на Борец настапи ги продолжуваат во првенството, недела на пладне а против Кочани која е седмо пласирана.
Tweet |