Петар Печков
Објавено: четврток, 28 април 2022
Убедлива победа реализираа кошаркарите на Борец Баскет, кои на свој терен во салата „Гемиџии“ во Велес го победија КК Шкупи 97:61 (51:39). Ова беше прв натпревар од разигрувањето за влез во Прва лига и со оваа победа велешани поведоа со 1:0 а се игра до две победи. КК Борец басет беше супериорен и во ниту еден момент не беше доведена во прашање неговата победа. Вториот натпревар се игра во Скопје, на Чаир сабота на пладне.
Фудбалерките на ЖФК Борец се пласираа во полуфиналето на Купот, откако вчера со 5:4 ја совладаа екипата на ЖФК Истатов. Четири од петте гола постигна интернационална Батиниќ. Во полуфиналето освен велешанки се пласираа и екипите на ЖАС Јунајтед од Струга, ЖФК Каменица САСА и ЖФК Тиверија.
фото радица дукова
Tweet |