Петар Печков
Објавено: понеделник, 22 април 2024
Фудбалерките на ЖФК Борец победија во претпоследното коло од Вторатa фудбалска лига, жени. Тие во Радовиш славеа со 1:2 (0:0) над третопласираната екипа од табелата. Со оваа трета победа во првенството, велешанки се искачија место погоре и се 6-ти со 10 бода. Во последното коло, следниот викенд играат дома со пocледнопласираниот ЖФК Порече и со победа може да ја завршат сезоната.
Се одигра 18 коло од Третата фудбалска лига Југ. Дербито се играше во Големо Коњари, есенскиот шампион ФК Големо Коњари кој до овој меч беше третопласиран го пречека актуелниот лидер. Велешани силни, моќни и со убедливи 0:6 oд нив три се дело на Манасиев, победија и останаа на врвот. Со победата од 8:1 над осмопласираниот ФК Ултрас, ФК Превалец се искачија за едно место, на третото. ФК Борец има 39 бода со натпревар помалку од второпласираниот ФК Питу Гули а ФК Превалец е трет со 33 бодови. ФК Локомотива од Градско загуби во Крушево од ФК Питу Гули со 0:5 па останаа претпоследни 10 од 11 тима. . Во следното коло во Градско се игра општинското дерби ФК Локомотива – ФК Превалeц, аФК Борец игра дома со ФК Марена која е осмопласирана.
Се одигра 17 коло од Општинската фудбалскаа лига. Постигнати се следните резултати
ФК Башкими – ФК Младост 5:1
ФК Богомила – ФК Чашка 3:0 (службено, гостите не допатувале)
ФК Мартолци – ФК Форца нова одложена (поради смртен случај)
ФК Горски – ФК Бабуна 0:5
ФК Илинден – ФК Тополка 3:0
Слободна беше екипата на ФК Согле
Т А Б Е Л А
1.БАШКИМИ (Ј) 15 13 1 1 44/12 40
2.ИЛИНДЕН (БС) 16 12 1 3 38/15 37
3.БАБУНА 15 11 2 2 50/19 35
4. БОГОМИЛА 14 8 3 3 31/16 27
5.СОГЛЕ 15 7 1 7 25/29 22
6.ФОРЦА НОВА 14 5 1 8 16/22 16
7.МАРТОЛЦИ 2007 14 4 3 7 28/32 15
8.ГОРСКИ 16 4 2 10 20/33 14
9.МЛАДОСТ 1976 16 3 2 11 17/40 11
10.ТОПОЛКА 15 2 5 8 13/39 11
11.ЧАШКА 2022 16 2 3 11 17/42 9
Во следното 18 коло играат
ФК Горски – ФК Тополка
ФК Бабуна – ФК Мартолци
ФК Форца нова – ФК Богомила
ФК Чашка – ФК Башкими
ФК Младост – ФК Согле
Слободна е екипата на ФК Илинден (БС)
фото ФБ/ЖФК Борец
Tweet |