Петар Печков
Објавено: четврток, 01 март 2007
Големиот фудбалски талент Горан Славковски потврдил дека во иднина ќе го носи дресот на македонската репрезентација, соопштија од Агенцијата за млади и спорт, чија двочлена делегација, испратена лично од Премиерот Никола Груевски, се врати од петдневната работна посета на Италија.
На состанокот, на кој присуствувале и менаџерот и адвокатот на Славковски, 17-годишниот играч на Интер потврдил дека за него не постои друга опција освен Македонија, иако за него отворено се интересираа и Шведска, каде што е роден, и Хрватска.
- Јас не се презивам Свенсон или Ларсон, туку Славковски. Моите родители се од Македонија, јас сум Македонец и затоа ќе играм за Македонија - изјавил Славковски.
Во наредните десетина дена Славковски со својот татко треба да пристигне во Македонија за да се договорат последните детали околу неговиот настап во дресот на нашата репрезентација. За време на престојот во Македонија, Славковски, кого го споредуваат со Кристијан Виери, би требало да се сретне и со Премиерот Груевски, кој лично се ангажирал во вој случај.
Делегацијата на АСМ во Болоња се сретна и со кошаркарот Влатко Илиевски, кој веќе три години не игра за нашата репрезентација поради недоразбирања со КФМ. АМС добила уверување од Илиевски дека се неточни шпекулациите кои кружеа во македонската јавност дека тој, меѓу другото, одбива да игра за Македонија зашто загубил интерес за тоа.
- Влатко е Македонец кој е горд на својата држава и има намера да настапува за македонската репрезентација до крајот на својата кариера. Во наредниот период тој ќе ја посети Македонија, кога, со посредство на АМС, ќе се разјаснат и разрешат сите недоразбирања со КФМ - се вели во соопштението на Агенцијата.
Извор: Вест

Tweet |