Петар Печков
Објавено: вторник, 29 октомври 2024
Фудбалски судија во понеделникот пријавил дека по зaвршувaњето на фудбалски натпревар од Општинска фудбалска лига, бил нападнат од гостинските фудбалери. За овој нстан имаше реакција и од клубови на ОФЛ Велес
„На 28 октомври во 20.48 часот во Полициска станица Велес М.Н.(40 год) од Велес пријавил дека на 27.10.2024 во Башино Село, велешко, во близина на спортското игралиште, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК „Горски“ и ФК „Бузалкова“ бил физички нападнат од М.Е. и С.А., играчи од ФК „Бузалкова“- информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес
Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.
Tweet |