Петар Печков
Објавено: петок, 19 октомври 2018
По пети пат на Градски стадион се одигра фудбалскиот турнир на ветерани, кој има хуманитарен карактер. Учествуваа четири екипи ветерани на ОФС Велес, на ОФС Куманово, ОФС Гази Баба и на фудбалската репрезентација на Македонија.
Најуспешни беа домашните велешките ветерани кои во финалето ги победија ветераните на ОФС Куманово со 1:0 а во полуфиналето беа подобри со 2:1 од ветераните на фудбалската репрезентација на Македонија. Во второто полуфинале ОФС Куманово со 1:0 ги победи ветераните на ОФС Гази Баба.
Настапија меѓу другите Саша Ќириќ, Ѓоре Јовановски, Томче Трајановски, Срѓан Захариевски и други. Во редовите на велешани играа Гоце Марков, Јованче Настов, Ане Темелков, Панче Ќумбев, Трајче Шопов, Стојанче Штериев... а тренери беа Љубе Велковски и петар Ранготов.
Tweet |