Петар Печков
Објавено: петок, 04 мај 2007
Евро амбасадорот Ерван Фуере не би сакал за живее во град каде има таков загадувач како Топилницата. За него Велес е тажен пример какви последици може загадувањето да предизвика, кога не се почитуваат еколошките стандарди, а економскиот момент е пред животниот. Ова тој го изјави на трибината „Европски стандарди за заштита на животната средина: предизвик или крај на агонијата на Велес“.
- Кога јас би се прашувал не би сакал да имам за сосед таков загадувач како што е Топилницта, ниту да живеам во нејзина близина или во таков град. Сепак одлуката за нејзината судбина е во рацете на Владата и локалните власти. Но граѓаните ќе треба да го кренат гласот и ги кажат сите можно проблеми по нивното здравје ако таков загадувач работи а надлежните тоа да го слушнат - изјави Ерван Фуере, специјалниот пратеник на ЕУ во Македонија.
Тој не даде одговор на прашањето од екологисти дали ЕУ финансиски би го поддржала селењето на овој објект од Велес. Затоа прецизираше дека за изминатите години ЕУ вложила 50 милиони евра во заштита на животната средина во Македонија а во наредните три ќе се одделат три милиони евра за приближување на македонската легислатива кон европската во однос на екологијата.
Тој констатира дека животната средина во земјава која е руинирана од цврст отпад и порача дека мора да се изгради стратегија за негово отстранување. Еден од приоритетите на Македонија е изработка на Стратегија за цврстиот отпад одговори веднаш заменикот министер за животна средина.
- Започната е постапка за изработка на ваква стратегија, но и процесот на приближување на македонските закони кон европските за заштитата на животната средина. Единствено што можам да ветам е дека Топилницта ќе може да проработи само ако ги исполни условите за „А интегрирана еколошка дозвола“ - рече Соња Лепиткова, заменик министер за животна средина. За градоначалникот на Велес, Аце Коцевски излезот од „еколошкиот тероризам“ кој 30 години го спроведуваше Топилницата е нејзина дислокација на просторот на Фабриката за вештачко ѓубре.
Оваа трибина е дел од активноста „Недела на ЕУ“ која ќе трае до 9-ти мај, Денот на Европа.

Tweet |