Петар Печков
Објавено: вторник, 29 април 2014
Футсал во 25-тото коло екипата на Велес го обезбеди опстанокот откако со високи 12 :4 ја победи гостинската Шкендија од Тетово. Нас две кола пред крајот Велес со 30 бодови е петти и обезбеден опстанок во Првата лига.
Женската екипа на Борец на гостувањето во Битола е поразена од Конзули со 3:1. Ова беше натпревар на четврто и петто пласираната екипа на табелата. Велешанки по 19 кола се 5-ти со 28 бода. Во сабота тие ја пречекуваат екипата на лидерот Кочани во рамките на полуфиналето од Купот.
Во Втората лига катастрофа за фудбалерите на Борец, на гостувањето во Кратово каде од Силекс доживеаја пораз од високи 8:1. Ова беше натпревар од 26-тото коло. По ова коло велешани се претпоследни 15-ти со 14 бодови.
Tweet |