речник контакт

Футсал дербито на есента Велес - Шкупи, без победник

Ракометарите на Борец со трета победа во низа. Победија и одбојкарите, фудбалерките поразени од последниот на табелата

Петар Печков

Ниту водството  од 3:1 против екипата на  Шкупи, не беше доволно фудбалерите на футсал екипата на Велес да победат во дербито на есента. Се сретнаа двете првопласираните екипи а средбата заврши без победник 3:3.  Се играше во салата Гемиџии а  стрелци на головите за КМФ Велес беа Ферид Агуши, Драган Петровиќ и Зоран Левески. Поради подобрата гол разлика велешани  и натаму се  лидери, пред Шкупи со ист број бодови 22. Во наредното десетто коло, со кое започнува вториот дел од  првенството КФМ Велес игра дома против четврто пласираната екипа на СЕЕИ Универзитет Тетово кој има 16 бода.   

Ракометарите на ГРК Борец победија трет пат во низа. Овој пат против последно пласираниот Работнички кој нема ниту бод. Велешани во Скопје славеа со  уверливи 36:19, полувреме 17:10.  Без малку сите ракометари на Борец се впишаа во листата на стрелците а најмногу шест постигна Ивица Илиев. Кај домаќините Работнички постигна Василевски. Следното 12 коло, во Велес гостува лидерот Охрид 2010  кој има 25 бода и ова е вистински тест за можностите на  екипата на тренерот Василев со какви квалитети располага.  

 Во претпоследното 8-мо коло на Првата женска фудбалска лига екипата на Борец гостуваше во Речица, против истоимената екипа.  И на големо изненадување поразени се со 2:1 ако се знае дека домаќинките немаа ниту бод по седум  кола а во претходното велешанки му  земаа бод на  лидерот на гости. Во последното коло, следниот викенд  велешанки дома играат против екипата на АС Јунајтед од Струга, со кого се соседи ан табелата го делат седмото и осмото место. 

 Во третото коло од Првата одбојкарска лига ГОК Борец дома со максимални 3:0 славеше против екипата на Лирија (-13, -14, -9). Гостите не  беа дораснат противник на разиграните велешани. Во следното коло Борец повторно игра дома, овој пат против екипата на Лешок. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »